Ќе има ли храброст новиот директор да ги наплати долговите што ги имаат училиштата во Кочани за конечно финансиски да се стабилизира претпријатието?
10.516.138 денари изнесува вкупниот долг на кочанските училишта кон КЈП Водовод.
Најголем должник е ОУ „Никола Карев“ со 5.631.534 денари. На второ место е средното „Гошо Викентиев“ со 1.851.584, на трето место е гимназијата „Љупчо Сантов“ со 1.265.163 денари, по кое следува ОУ “Раде Кратовче“ со 950.838 и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со 817.019 денари, објави денеска општина Кочани.
Според неофицијалните податоци, финансиската дупка во КЈП Водовод изнесува над 4 милиони евра и со тоа сериозно е загрозена работата и опстанокот на кочанското комунално претпријатие.
Засега ниту едно од училиштата должници, ниту поранешните директори на КЈП Водовод не излегоа со став по објавата на податоците од страна на општината.

