Во денешната акција на кочанското обвинителство и МВР, а поврзана со кочанската дискотека „Пулс”, уапсен е Драган Паунов, вработен во УЈП Штип
Паунов е брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, а истрагата покажала дека тој бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката „Пулс”, Дејан Јованов – Деко.
Името на вработениот во УЈП осамна во сторијата на ИРЛ, кога беа објавени пораки помеѓу Михајло Јованов и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата. Се посочуваат дојави до дискотеката пред инспекциски контроли, сомнежи за поткуп низ подароци и информации дека полициски инспектори биле редовни гости иако локалот работел без исполнети услови.

