По цели еден месец во целосен мрак, конечно дел од проблемот со уличното осветлување покрај реката е отстранет.
Од вечерва е повторно осветлен потегот од Градскиот плоштад до мостот кај Трговскиот центар, што е големо олеснување за сите кои секојдневно се движат низ овој дел од градот.
Сепак, важно е да се напомене дека голем дел од овој потег сè уште останува во темнина. Ова не смее да стане нова „норма“ – проблеми од ваков тип мора да се решаваат брзо и навремено, особено кога станува збор за безбедност на граѓаните.
Истиот проблем е и на влезовите во градот каде што со месеци не работи уличното осветлување.

