Целиот приход од концертот ќе биде за семејствата на настраданите во Кочани, најави менаџерот.
Лукас и Митровиќ најавија дека на 20 декември ќе одржат концерт во арената „Јане Сандански“ во Скопје, а целиот приход, како што велат, ќе го донираат на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Дополнително најавија дека ќе ги подмират и сите трошоци кон државата.
„Ова ќе биде само првата донација. Ќе продолжиме да помагаме во Кочани. И бидејќи веќе се најавуваме, може да бидете мирни – ќе ги имаме сите можни документи, дури и ‘тоалетна хартија’, за да не помислите дека нешто недостасува“, поентира Лукас.

