Во судницата во затворскиот комплекс Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“.
По воведниот говор на обвинителството на претходното рочиште, процесот ќе продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната.
Обвинителот Борче Јанев повтори дека обвинителството бара индивидуална одговорност за долгогодишното игнорирање на безбедносните ризици кои ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“. Според него, трагедијата не е само последица од активирањето пиротехника на настапот на групата „ДНК“, туку резултат на систематска негрижа, недостиг од контрола и институционален молк кој траел повеќе од една деценија.
„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, рече Јанев

