Се почесто граѓаните паркираат директно пред контејнерите, со што сериозно се отежнува или целосно се оневозможува нивното редовно празнење.
Ова не е само проблем за Јавното комунално претпријатие, туку и за сите нас — резултатот е преполни контејнери, непријатни миризби и нарушена хигиена во градот.
Апелираме до сите возачи:
Паркирајте одговорно.
Оставете пристап до контејнерите.
Почитувајте ги комуналните служби за да функционира градот нормално.
Културата на живеење ја градиме заедно.

