Афродита Салихи успешно ја мина операцијата и сега ја започнува својата рехабилитација, после нејзината тешка ситуација, откако ЖФК Кочани практично ја остави сама по моментот на повредата.
Сепак, приказната доби среќен и успешен крај – популарната „Дитка“ упатува огромна благодарност до сите што ѝ дадоа поддршка, особено до доктор Алек Савески.
„Голема благодарност до сите што се ангажираа околу мојата повреда, иако клубот ме остави сама. Сакам најмногу да му се заблагодарам на докторот Савески кој прифати да ме оперира. Операцијата мина во најдобар ред“, изјави Афродита.
Салихи отсекогаш била победник на теренот – со над 100 натпревари за Македонија – па нема дилема дека победнички ќе продолжи и надвор од него. Очекувањата се дека рехабилитацијата ќе мине успешно и во најбрз можен рок.

