При промената на сообраќајниот режим, неопходно е општината да размисли и за целосна санација на ударните дупки на кејските улици.
Потребна е квалитетна санација, наместо досегашната практика со ладен асфалт кој трае кратко и повторно создава проблеми. Дополнително, нужно е да се решат деловите каде што корените од дрвјата го подигнаа асфалтот и несоодветно поставените шахти кои се наоѓаат на средина од коловозните ленти, иако претходно постоеле решенија со шахти на самите рабници, што беше многу поквалитетно решение.
Особено внимание треба да се посвети на безбедноста на пешаците — намалување на ширината на пешачките премини на разумна ширина за едносмерни улици наместо сегашните 10 метри.
Време е сообраќајните решенија да бидат долгорочни, безбедни и професионално реализирани.

