Поради локалните избори и честите промени на директорските позиции во КЈП „Водовод“, традиционалниот панаѓур — место каде што децата се радуваа на лулашки и рингишпили, а возрасните пазареа на локалните тезги — едноставно не се реализира.
Овој настан не е само забава, туку и дел од традицијата на градот и причина многу семејства да излезат заедно.
Затоа, можеби време е да се размисли за нов термин, на пример пичетокот на летниот распуст, кој би обезбедил подобра организација и сигурност дека панаѓурот повторно ќе им се врати на граѓаните.
Кочани заслужува да ја зачува традицијата — само треба навремена подготовка и малку повеќе одговорност од оние што треба да ја спроведат.

