Во текот на денешниот ден на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица се појавија повеќе одрони, при што еден од нив вечерва особено голем и сериозно ја загрозува безбедноста во сообраќајот.
Апел до сите граѓани:
Бидете максимално внимателни при движење на овој патен правец. Ако имате можност, одложете го патувањето сè додека екипите не ги расчистат критичните точки и не се воспостави нормален проток.
Природните појави се непредвидливи, но вниманието и претпазливоста можат да спасат животи. Останете безбедни.

