Поради обилните врнежи, поплавени се подрумските простории во повеќе згради во Кочани. Во една од зградите под вода е и трансформатор на ЕВН кој се наоѓа во подрумот – за кој жителите со години бараат дислокација поради честите проблеми и ризици што ги создава.
Станарите апелираат надлежните служби итно да интервенираат, да се преземат мерки за избегнување потенцијална опасност за безбедноста.
Надлежните мора што побрзо да излезат на терен и да обезбедат сигурност за сите жители.

