Додека речиси сите градови веќе блескаат во празничен сјај, Кочани повторно останува без никаква активност околу новогодишното украсување – иако веќе е декември.
Граѓаните со право реагираат дека Kочани со години е запоставен, мизерен и депресивен во овој период, без ноќен живот и без никаква креативност.Во изминатите години беше украсен само мал дел од Градскиот парк, додека остатокот од градот немаше никаква празнична атмосфера.
Прашањето е – ќе се смени ли нешто оваа година, или Кочани повторно ќе остане еден од ретките градови без празничен дух?

