Грчките земјоделци повторно покажаа што значи единство и борба за сопствените интереси. Со масовни протести, блокирани патишта и целосна блокада на државата и граничните премини, јасно порачаа дека земјоделската работа мора да се цени, а нивните проблеми да се решаваат веднаш и сериозно.
Кај нас, ситуацијата е сосема поинаква – задоцнето пуштање вода при сеидба, ниски откупни цени на оризод и другите култури, сето тоа е од партиски поделби кај селаните, мали групи од едвај десетина луѓе се осмелуват да протестираат. Селаните се раздвоени, па затоа и нивниот глас не се слуша доволно силно.
Грција даде јасен пример: само со масовно единство и јасно изразено незадоволство може да се постигне промена. Македонскиот земјоделец мора да биде ценет, а домашниот производ да биде прв избор – наместо евтините увозни производи кои го уништуваат нашиот труд.
Време е и кај нас да се обединат земјоделците и да си го заштитат сопствениот труд и да покажат дека земјоделието е столб на државата, а не занемарен сектор кој опстанува само од инат и тешка мака.

