КЈП „Водовод“ спроведе акција за чистење на нови диви депонии во населбата Трајаново Трло, на потегот над детското игралиште. Интервенцијата опфати отстранување на различни видови комунален отпад, исфрлен непрописно.
Ова е една од локациите што често се загадуваат и покрај редовните реакции и зголемениот ангажман за одржување на јавната чистота на комуналните екипи. Акцијата е дел од тековните напори за подобрување на хигиената во урбаните заедници и превенција од создавање нови депонии.
Од КЈП „Водовод“ апелираат до жителите да го почитуваат редот за отстранување на отпадот со цел да се зачува уредна и здрава животната средина.

