Општина Кочани објави оглас за јавна набавка со проценета вредност од 508.474 денари без ДДВ за прехранбени производи, вина, апетисани, пластични вилушки и слично.
Огласот е објавен на 12 декември 2025 година, а трае до 19 декември 2025 година.
Прашањето што логично се наметнува е – дали ова е најпаметниот начин на трошење на народните пари?
Со овие средства можеше:
• да се купи ново возило за потребите на комуналното претпријатие,
• да се направи делумна реконструкција на инфраструктура,
• или да се инвестира во нешто што ќе има долгорочен бенефит за граѓаните.
Доколку ваквите набавки се редовна годишна пракса, тогаш во изминатите децении се потрошени огромни суми јавни средства без видлив ефект.
Затоа апелираме до новиот состав на Советот на Општина Кочани:
• да биде внимателен при гласање на годишните планови,
• да инсистира на рационално и домаќинско трошење,
• и детално да ги разгледува сите предлози пред да бидат изгласани.
Истото недомаќинско работење беше откриено и во минатото, вклучително и за време на претходното раководство, каде што беа утврдени:
• десетици вработени повеќе од потребното,
• професори и наставници иако наставата можеше да се одвива во една смена,
• паралелки со по 5 ученици.
Станува збор за децениско недомаќинско управување, кое за жал и понатаму продолжува.
Време е јавните пари да се трошат одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не на непродуктивни ставки.

