Граѓаните реагираат дека сѐ почесто се појавува пракса на „резервирање“ паркинг места со гајби, пластични кутии, канти и друг импровизиран отпад.
Овој начин на узурпација на јавниот простор создава дополнителен хаос во сообраќајот, ја зголемува нервозата кај возачите и го влошува и онака сериозниот проблем со недостиг на паркинг места.
Јавните површини не се ничија приватна сопственост и не смеат да се присвојуваат на ваков начин. Граѓаните бараат итна реакција од надлежните служби, отстранување на ваквите пречки и воведување ред, со цел еднаков и фер пристап до паркирањето за сите.

