Со воведувањето на паралелно паркирање, значително се намали бројот на достапни паркинг-места и дополнително се отежна паркирањето во централното градско подрачје. Ова јасно покажува дека проектот е изработен аматерски и со сериозен пропуст во планирањето.
Наместо да се искористи просторот рационално, избрано е решение кое остава преголема ширина на коловозната лента, што не само што не носи корист, туку и создава услови за побрзо и поопасно движење на возилата. Последиците од ова безредие ќе станат секојдневие, особено од понеделник, кога драстично ќе се намали бројот на паркинг-места на улиците „Маршал Тито“ и „Кеј на револуцијата“.
Потребна е итна корекција на сообраќајното решение и враќање на косото паркирање, кое овозможува значително повеќе паркинг-места и подобра функционалност на просторот. Одговорните институции мора да ја признаат грешката и да реагираат навреме, пред проблемот дополнително да ескалира.

