Денешното бележење на улиците „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ е најмалку речено понижување за сите граѓани. Да се изведуваат вакви работи во период на најголеми сообраќајни гужви, кога дел од луѓето одат, а дел се враќаат од работа, е апсолутно неприфатливо.
Со ваквата постапка се создаваат непотребни метежи, нервоза и застои, а сето тоа само за да се покаже дека „нешто се работи“. Ваква реклама е сосема непотребна и навредлива – се потценува народот и се нарушува секојдневното функционирање на градот.
Очигледно е дека можело да се избере соодветно време за вакви активности, кога има најмалку сообраќај и најмалку граѓани на улица. Ваквата неорганизираност јасно го покажува капацитетот и сериозноста на општинските служби.

