Според проектната документација за сообраќајниот режим во централното градско подрачје, предвидено е улицата што ги поврзува Димитар Влахов и Маршал Тито, која поминува покрај трговскиот центар, да биде затворена за редовен сообраќај. Во документите стои дека ќе биде овозможен само влез и излез за станарите.
Се поставува прашањето дали оваа мерка навистина ќе се реализира на терен и каков ефект ќе има врз сообраќајот во центарот на градот и достава за локалните дуќани.
Граѓаните се загрижени дека ваквото решение може дополнително да создаде гужви на околните улици, но и дека без јасна сигнализација и контрола ќе дојде до хаос и непочитување на правилата.
Потребна е транспарентност од надлежните институции, јасно објаснување на целта на оваа мерка и анализа како истата ќе влијае врз секојдневното движење на возилата и пешаците во овој дел од градот.

