Станарите чии подрумски простории беа поплавени реагираат дека е загрозена нивната безбедност и живот. И понатаму има вода во просторијата каде што се наоѓа трансформаторот, а електричните кабли се целосно под вода, од кои се снабдува со електрична енергија голем дел од центарот на градот.
Поради сериозниот ризик, станарите поднесоа официјално барање до Општина Кочани и ЕВН Македонија за преземање итни мерки, како и за дислокација на трансформаторот на соодветно и безбедно место. Тие бараат проблемот да се реши трајно, пред да дојде до посериозни последици.


