Возачите на автобуси реагират со воведувањето на новиот сообраќаен режим, автобуските постојки останаа целосно занемарени. Ниту е обележано безбедно место каде автобусите можат да застанат за да земат и остават патници, без да го попречуваат сообраќајот, ниту пак постојат уредени и покриени постојки.
Во период кога сме во врнежливи и студени месеци, граѓаните – ученици, работници и повозрасни лица – се приморани да чекаат јавен превоз без никакви основни услови. Ова не е само прашање на удобност, туку и на безбедност и елементарна грижа за граѓаните.
Ваков пристап уште еднаш покажува дека при планирањето не се размислувало за сите учесници во сообраќајот. Потребна е итна реакција од надлежните институции, со јасно обележување на автобуските постојки и нивно соодветно уредување, за градот да функционира безбедно и организирано.

