Подготвено е едукативно видео во кое јасно и чекор по чекор е објаснето како правилно се изведува паралелно паркирање. Видеото има за цел да им помогне на возачите полесно и побезбедно да се паркираат, особено во услови на намален паркинг простор.
Апелираме при паркирање секогаш да внимавате вашето возило да биде целосно во рамките на едно паркинг место, без да го попречувате паркирањето на другите возила и без зафаќање на две паркинг места. Со правилно паркирање сите заедно придонесуваме за поголем ред, подобра искористеност на просторот и помалку нервоза во сообраќајот.
