Граѓаните реагираат дека на булеварот „Тодосија Паунов“, на потегот од кружниот тек кај Автобуската станица до кружниот тек кај основното училиште „Малина Поп Иванова“, во двата правци, шахтите и сливните решетки за атмосферска вода се сериозно пропаднати.
Овие оштетувања претставуваат реална опасност за сите учесници во сообраќајот, бидејќи возилата буквално се оштетуваат при поминување, а ризикот од сообраќајни незгоди е сè поголем. Особено загрижувачко е што станува збор за фреквентен булевар со голем интензитет на сообраќај.
Граѓаните прашуваат дали и кога ќе се преземат конкретни мерки за санација на овој проблем, пред да дојде до посериозни последици. Итна интервенција и трајно решение се неопходни за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.

