Граѓаните со право го поставуваат прашањето зошто кружните текови на булевар „Тодосија Паунов” се изведени со само една лента, иако самиот булевар има четири сообраќајни ленти. Во вакви услови, кружниот тек станува тесно грло и создава непотребни застои и хаос во сообраќајот.
Кај булевари со ваков капацитет, кружниот тек мора да биде со две ленти за движење, а возилата што се исклучуваат десно треба да имаат посебна лента, без задолжително вклучување во кружниот тек со што драстично се намалува гужвата.
Со вакво решение значително би се забрзал протокот на возилата и би се растеретиле метежите.Особено критична е состојбата на кружниот тек кај двојниот мост и полициската станица, каде наместо непречен проток, возилата се принудени да чекаат во една лента.
Ова решение не одговара на фреквенцијата и реалните потреби на сообраќајот. Потребна е итна ревизија на сообраќајното решение и прилагодување на кружниот тек кон капацитетот на булеварот, со цел побезбеден, побрз и поефикасен сообраќај во градот.

