Денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој учествуваа градоначалникот, инспектори, ТППЕ, такси компании и други институции, за жал беше сѐ – освен конструктивен состанок. По најголемиот сообраќаен проект во последните 30 години, добивме едно од најлошите можни решенија: аматерски изработено, без анализа на терен и со резултат – целосен хаос во градот.
Нема потреба од нови заседавања и празни дискусии. Решението е јасно и итно:
• вратете го стариот сообраќаен режим,
• овозможете косо паркирање за зголемување на паркинг капацитетот,
• направете кружни текови со две ленти,
• тргнете ги полицијата и комуналните редари од кружните текови – тоа е апсурд што нѐ прави предмет на потсмев.
Потребна е работа на терен, а не од канцеларија. Потребно е итно и трајно решение, а не привремени импровизации.
Апелираме до сите општински структури да ангажираат млади, дипломирани и стручни луѓе кои ќе изработат квалитетен, модерен 3D сообраќаен проект, како што доликува на дигиталното време во кое живееме.
Цртежи на хартија и решенија со молив се покажаа како нефункционални. Време е за знаење, визија и одговорност – градот повеќе не смее да биде жртва на партизирани и застарени кадри.

