Во Општата болница Кочани целосно е обновено одделението за оториноларингологија, со што се создадени современи услови за квалитетни прегледи, дијагностика и третман на пациентите.
Целосната реконструкција и опремување се реализирани со поддршка на Silk Road Банка, која уште еднаш покажа што значи општествена одговорност и реална грижа за заедницата. По цели 10 години, болницата конечно доби функционален и модерен дијагностички центар од оваа област.
За жал, повторно се наметнува прашањето: зошто токму општествено одговорните компании донираат повеќе возила и медицинска опрема отколку Министерството за здравство, иако граѓаните со години уплаќаат милионски суми во здравствениот систем? За возврат, наместо подобри услуги, од 2026 година најавено е уште едно новогодишно поскапување на партиципацијата.
Оваа донација е светол пример како може и треба да се вложува во јавното здравство – директно, конкретно и во корист на пациентите.

