Граѓаните реагираат дека Пониква, некогаш најголемиот туристички потенцијал на регионот, со децении е целосно заборавена од општината и надлежните институции.
Нема изградба на нови ски-патеки, постоечките не се одржуваат, а ски-лифтовите се застарени и нефункционални. Угостителските објекти постепено се затвораат, додека инфраструктурата пропаѓа пред очи на сите.
Развојот на врвот Руен, исто така, останува само празно политичко ветување. Сите политички партии со години го најавуваат, но реализација – нема. Наместо напредок, Пониква тоне во запоставеност и негрижа.
Се поставува сериозното прашање: кој и зошто намерно работи против развојот на Пониква? До кога овој туристички бисер ќе биде жртва на неодговорност, незаинтересираност и празни ветувања?

