Новиот сообраќаен режим, наместо ред – донесе вистински хаос, возилата кружат барајќи паркинг место со што дополнително се прави гужва. Недостигот на паркинг места ги принуди граѓаните да паркираат на тротоари, кружни текови и пешачки премини – на што алармиравме уште од самиот старт.
Повторно апелираме: потребно е враќање на косото паркирање покрај деловните објекти, зградите и куќите. Во спротивно, возачите се принудени да се движат преку коловозните ленти, со што се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и пешачки инциденти.




