Министерството за транспорт објавува оглас за јавна набавка со предмет: Изградба на мост на Кочанска река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“ во општина Кочани.
Проценетата вредност на набавката изнесува 18.644.068,00 денари без ДДВ.
Понудите, односно плановите, треба да се достават најдоцна до 20.01.2026 година до 10:00 часот.
Крајниот рок за поставување прашања е 14.01.2026 година до 15:30 часот, додека одговорите на поставените прашања ќе бидат објавени најдоцна до 16.01.2026 година до 15:30 часот.
Периодот на важност на понудата изнесува 90 дена.
Сите заинтересирани економски оператори можат да учествуваат во постапката согласно условите наведени во тендерската документација, објавена преку системот за електронски јавни набавки.

