Утре, 06 јануари 2026 година, ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка низ улиците на Кочани.
Ги покануваме сите дечиња да бидат во 09:15 часот во дворот на храмот, каде што ќе им бидат поделени бадниковите ѕвездички, по што во 09:30 часот ќе започне поворката низ градот, во која ќе учествуваат стотици деца.
Да го дочекаме Бадник со песна, радост и заедништво, како што доликува на оваа убава православна традиција.
✨ Ве чекаме да пееме и заедно да ја споделиме бадниковата радост! ✨

