Поради различните ставови и поделеноста меѓу граѓаните околу изборот на локација за спомен-обележје, сметаме дека е потребно решение кое ќе обедини, а не ќе продлабочува разлики и рани.
Нашиот предлог е спомен-обележјето да се реализира на локацијата каде, според постојната проектна документација, беше предвидена изградба на парк и нов мост – проект кој сè уште не е реализиран.
Станува збор за просторот зад киното „Бели мугри“ и во близина на новиот детски парк.
Оваа локација претставува идеално, централно место кое нуди мир, достоинство и пристапност. Со изградбата на планираниот мост, паркот директно би се поврзал со Трговскиот центар, создавајќи функционална и симболична целина.
Нашиот предлог е овој простор да се уреди како нов парк во чест на починатите од трагичниот пожар во „Пулс“ – место на тишина, сеќавање и почит. Дополнителна предност е тоа што за овој дел веќе постои проектна документација, што овозможува побрза и поквалитетна реализација.
Се надеваме дека овој предлог ќе биде прифатен како разумно и обединувачко решение, во интерес на сите граѓани и во знак на трајна почит кон загубените животи.




