Поради обилните врнежи и настанатите поплави, патниот правец Кочани – Грдовци вечерва е целосно затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе остане во прекин сè до стабилизирање на состојбата на терен.
Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а полициска патрола дежура на критичните места со цел безбедност на граѓаните. Се апелира до возачите да ги почитуваат поставените забрани и да користат алтернативни правци.

