На 14-ти Октомври в.д. градоначалникот Венко Крстевски распиша тендер за крпење на ударни дупки и санација на шахти, но по промената на локалната власт сепак гледаме дека на терен до денес не е забележано никакво крпење, санација или конкретна интервенција.
За реализација на овие градежни активности е издвоена сума од 1.499.770 ден. од Програмата за улици и патишта за 2025 година. Стручните служби најавувија дека е планирана замена и на постојните со решетки од полимер бетон на 6 локации, а ќе бидат реконструирани и 7 ревизиони шахти.
За реализација на договорот за реконструкција на сливните решетки за атмосферска канализација се наменети 2.006.236 ден. од Буџетот на Општина Кочани.
Улиците во градот се во катастрофална состојба, а граѓаните секојдневно реагираат – оштетени возила, небезбедно сообраќање и целосно запоставена инфраструктура. Сѐ почесто се слушаат коментари дека е подобро да се живее во Бангладеш отколку во Кочани, што е поразително за еден град кој треба да се развива, а не да тоне.
Граѓаните со право прашуваат: дали и кога ќе се реализира најавениот тендер? Ова не е луксуз, туку итна и неопходна интервенција.


