Вo понеделник, 12 јануари 2026 година, во салата на МКЦ – Кочани, со почеток во 17 ч., ќе се одржи јавна трибина во врска со иницијативата на ЗГ „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“.
Електронската анкета објавена на мЗаедница, преку која граѓаните може да се произнесат по оваа иницијатива е активна заклучно со 11 јануари 2026 г. Потребно е да креирате профил на линкот http://www.mzaednica.mk/ и да дадете одговор на двете поставени прашања.
Се надеваме дека нашата предлог локација ќе биде разгледана и усвоена за доброто на сите.

