Голем број граѓани реагираат дека во текот на денот се чувствувала силна и непријатна смрдеа во воздухот. Ова го потврдуваат и податоците од мерните станици, кои покажуваат екстремно загадување со вредности што достигнале и до 190 AQI, ниво кое претставува сериозна закана по здравјето, особено за лицата со хронични и респираторни заболувања, децата и повозрасните.
Изворот на загадувањето засега не е познат, што дополнително ја зголемува загриженоста кај јавноста. Граѓаните очекуваат надлежните институции итно и сериозно да се зафатат со овој проблем, да го утврдат потеклото на загадувањето и да преземат конкретни мерки за заштита на здравјето и животната средина.

