По упатениот апел за помош, во Support Кочани пристигнаа креми и лепенки, донирани од хумани и солидарни граѓани. Од Support Кочани упатуваат голема благодарност до сите кои несебично донираа и покажаа грижа за оние на кои помошта им е најпотребна.
Граѓаните кои се повредени и имаат потреба од овие медицински средства, можат да ги подигнат директно во Support Кочани.
Хуманоста и солидарноста повторно покажаа дека заедно сме посилни.


