Денес во посета на Општина Кочани беше заменик-министерот за односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа. Во фокусот на посетата беше најавата за изградба на типски куќи за лицата од просторот на старата касарна.
Со оваа најава се отвора сериозно и легитимно прашање: дали ваквата помош е наменета исклучиво за одредена група или треба да важи за сите социјално загрозени граѓани на Општина Кочани? Во градот има голем број семејства кои живеат под кирија, со ниски примања, кои со години едвај врзуваат крај со крај и редовно ги подмируваат своите обврски.
Потребно е јасно, транспарентно и правично да се постават критериумите – дали истите се жители на Општина Кочани, дали се социјално загрозени и дали помошта ќе биде еднакво достапна за сите, а не селективна. Не смее да се создаде чувство на неправда, каде што некој со години не плаќаат комуналии, вода и струја, а добиваат општинска помош, додека други остануваат целосно занемарени.
Социјалната помош мора да биде фер, одговорна и во интерес на сите граѓани.

