Денес Општина Кочани се пофали со поставена заштитна ограда на почетокот на улицата „АСНОМ“ – интервенција која, иронично, е реализирана уште минатата година и за која јавноста веќе реагираше дека е изведена крајно аматерски и небезбедно.
Иако официјално се наведува дека оградата е поставена со цел да се зголеми безбедноста на пешаците, особено поради стрмниот терен, скалите до улицата „Кеј на револуцијата“ и Градскиот парк, реалноста на терен е сосема поинаква. Наместо чувство на сигурност, ова решение остава впечаток на импровизација, лоша изведба и отсуство на било какви стандарди за безбедност.
Скалите ги користат повозрасни граѓани, деца и лица со отежнато движење, но токму тие се најизложени на ризик со ваква „заштитна“ ограда. Ако ова треба да биде превентивна мерка, тогаш оправдано се поставува прашањето – кој врши надзор, кој ја прима изведбата и дали воопшто се проверува квалитетот на јавните проекти?
Фалењето со лошо изведени решенија не ја зголемува безбедноста, туку само ја потврдува негрижата и ниските критериуми. Граѓаните не бараат многу – бараат безбедни, квалитетни и професионално изведени решенија, а не проекти што служат само за формална статистика и ПР.
Наместо да одеме напред со вакви решенија сме децениски уназадени како општина, ова е дно и срам за една општина!



