Граѓанин алармира за сериозна опасност на тротоарот пред Катастарот, на улица „Димитар Влахов“. Шахтата е целосно оштетена и претставува директна закана за пешаците – во секој момент може да се случи несреќа, особено во услови на намалена видливост во вечерните часови.
Дополнително, на истото место се поставен и надворешни единици од клима-уреди, монтирани на висина што претставува сериозен ризик за повреда на главата. Нема никаква ознака или заштита, што ја прави состојбата уште поопасна.
Апел до општинските служби: потребна е итна интервенција и целосна санација на проблемот, пред да дојде до повреда на граѓаните. Безбедноста на пешаците мора да биде приоритет.


