Граѓаните повторно покажаа дека кога институциите затајуваат, решението доаѓа од заедницата. Тимовите на gradinarot.mk и Академија Кочани заеднички ги исчистија скалите што водат до Ловниот дом – простор кој со месеци беше целосно запоставен од надлежните служби.
Наместо редовно одржување од страна на Општината, овој дел беше оставен на забот на времето, па граѓаните беа принудени сами да се организираат и да го направат она што требаше одамна да биде обврска на институциите.
И покрај промената на власта, впечатокот кај граѓаните е дека институциите сè уште се во длабок „зимски сон“. Јавните простори не смеат да зависат од добра волја и ентузијазам на поединци, туку од функционален систем и одговорни служби.
Овој пример уште еднаш покажува дека Кочани има активни и одговорни граѓани – останува прашањето кога институциите ќе почнат да ја оправдуваат довербата и обврските што ги имаат.
Целото видео погледнете го на следниот линк: https://youtu.be/SYT6t81ffn0?si=D4rw2P2UatVCsoxQ
