Поминаа 10 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ – најголемата трагедија во независна Македонија.
63 животи згаснаа.
157 лица се здобија со тешки повреди.
194 лица со телесни повреди.
Бројки што не се само статистика, туку семејства завиени во црно, младост што никогаш нема да се врати и трауми со кои многумина ќе живеат цел живот. Болката е сè уште тука, исто како и прашањата за одговорност, безбедност и системските пропусти што доведоа до оваа катастрофа.
Оваа трагедија мора да остане трајно потсетување дека човечкиот живот нема цена и дека негрижата, корупцијата и импровизацијата убиваат. Должни сме кон загинатите и повредените да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори ваква трагедија.

