Јавноста со право бара одговори за новопоставената ограда на успонот од АСНОМ кон улицата „Кеј на Револуцијата“ и Градскиот парк. Граѓаните бараат јавно да се објави името на фирмата што ја изведувала оваа работа, каде биле инспекторите и кој дозволил ваква ограда да биде пуштена во употреба, граѓаните реагират дека градоначалникот е на терен кога се собира смет, дали ќе отиде и овде?
Се поставува сериозно прашање – кој гарантира за безбедноста на оваа ограда, која не само што не изгледа сигурно, туку делува како да може сама да падне без никакво оптоварување. Да не зборуваме за естетскиот аспект, кој е задолжителен за централно градско подрачје, а овде е целосно игнориран. Постојат инспекторати и надлежни служби кои се платени со народни пари токму за да спречат вакви пропусти, сега мора да сносат одговорност, неказнивоста е соучество!
На социјалните мрежи и на страницата на Општината има стотици коментари од револтирани граѓани, но наместо одговори и решавање на проблемот, коментарите беа забранети и со тоа општината го реши проблемот– очигледно за да не се наруши „рејтингот“.
Безбедноста и изгледот на јавниот простор не смеат да бидат жртва на немар, импровизација и молк.


