Убавото сончево време и продолжениот викенд привлекоа голем број туристи на Пониква. Планината е исполнета со посетители, а на снегот подеднакво се радуваат и возрасните и најмалите. Атмосферата е зимска и празнична, со многу семејства и љубители на природата.
Сепак, и покрај големата посетеност, ски-лифтовите не се во функција, што значително го ограничува целосното искористување на потенцијалот на ски-центарот. Угостителските објекти работат со полн капацитет и се пред колапс поради зголемената гужва.
Пониква уште еднаш покажа дека има огромен туристички потенцијал, но и дека е неопходна подобра организација и навремено ставање во функција на инфраструктурата за да се одговори на интересот на посетителите.

