Денес, на традиционалното осветување на водите на Кочанска Река, чесниот крст го фати Маријан Заов (32), жител на Општина Кочани. Тој по шести пат се фрла по сметиот крстот, а оваа година за првпат успеа да го фати.
Честитки за храброста и упорноста, со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.

