🙏 Голема благодарност до советниците Влатко Здравков и Мануела Саидова 🙏
ДПД Кочани искрено им се заблагодарува на советниците Влатко Здравков и Мануела Саидова кои несебично го донираа својот советнички паушал во поддршка на нашата мисија.
Овие средства ќе бидат пренаменети на наменска сметка која ќе биде отворена во скоро време, а сите собрани средства ќе бидат искористени за набавка на едно pick-up возило, неопходно за побрзо и поефикасно делување на ДПД Кочани на терен.
📣 Воедно, упатуваме апел до останатите советници да го следат примерот на Здравков и Саидова, но и до сите граѓани и поддржувачи на ДПД Кочани да се вклучат со донација. Само заеднички можеме да ја оствариме оваа важна цел и да придонесеме за побезбедно Кочани.
🤝 ДПД Кочани за граѓаните, граѓаните за ДПД Кочани 🚒

