Во рамки на заедничката сметка за донации преку SupportKocani, отворена по трагедијата, успешно е реализирана третата, целосно транспарентна распределба на средствата.
– Вкупно 142 лица потпишаа изјава за потреба од помош и беа опфатени со распределбата.
– Целиот процес беше спроведен со внимание, отчетност и во координација со засегнатите страни, со една јасна цел – помош за секој што беше погоден.
Средствата за третата распределба се обезбедени од Македонската православна епархија за Европа, без банкарска провизија од НЛБ Тутунска банка.
– Вкупно донирани (бруто): 3.153.204 денари
– Распределба според одлука на донаторот (нето):
• 123 лица – по 15.968 денари
• 19 лица – по 45.992 денари
За персонален данок (ПДД) од оваа распределба се исплатени 315.292 денари, а вкупно за сите три распределби досега:
• Исплатен ПДД: 2.274.285 денари
• Вкупни бруто донации: 22.742.997 денари
Ова е пример дека солидарноста, транспарентноста и одговорноста можат и мора да одат заедно.

