Граѓани реагираат дека лице кое живее на ул. „9-ти Мај“ самоволно си обележало паркинг-место пред својата куќа, при што јавна коловозна лента е претворена во приватен паркинг. Ваквото постапување е недозволиво и претставува узурпирање на јавен простор, како и директно нарушување на сообраќајниот ред и безбедноста.
Јавните површини не се ничија лична сопственост. Апелираме надлежните служби итно да постапат, да ја отстранат незаконската ознака и да санкционираат вакви појави, со цел да се зачува редот и еднаквоста за сите граѓани.

