Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека новите бетонски санации на ударните дупки се распаднале по првиот дожд. На повеќе места повторно се појавија дупки, а некаде бетонските „крпеници“ целосно исчезнале, како никогаш да не постоеле.
Фотографиите од терен јасно ја покажуваат реалноста – нерамна подлога, испаднат материјал и нови оштетувања, што претставува опасност за возилата и пешаците. Ваквото трошење на јавните пари е недомаќинско и крајно несериозно.
Се поставува логично прашање: кој денес крпи ударни дупки со бетон и дали тоа воопшто е нормално? Вакви методи никогаш порано не се користеле за санација на коловози. Наместо проверени и стандардни решенија со асфалт, сведоци сме на импровизации што не траат ни неколку дена.
Ова не е „нова технологија“, туку лош експеримент врз улиците и парите на граѓаните, кој очигледно е воведен само кај нас. Граѓаните со право бараат квалитетна, стручна и трајна санација, а не привремени крпеници што се распаѓаат со првиот дожд.

