Дел од независните советници пред изборите беа исклучително гласни и остри критичари на режимите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ настапуваа борбено ветуваа промени транспарентност и поинаков начин на работа, денес откако седнаа во советничките столчиња сликата е сосема поинаква.
Ја нема веќе таа гласна галама, ја нема борбеноста од предизбори, одлуките лесно поминуваат на седниците, без сериозна дебата, без отпор, без иницијативи што ќе застанат во интерес на граѓаните, дополнително дел од советниците добија и функции претседатели на комисии што кај јавноста отвора сериозни прашања дали станува збор за класично политичко „смирување“ и купување на молкот.
Дали сведочиме на истото старо сценарио само со нови лица, дали независноста беше само предизборен слоган, а не суштинска определба денес имаме совет во кој владее тишина без идеи, без притисок, без вистинска борба за проблемите на граѓаните.
Помина доволно време советниците одамна се во функција, а резултатите се речиси никакви, јавноста со право прашува дали советниците се во длабок сон или свесно избрале удобност наместо одговорност, граѓаните не гласаа за молк туку за промени.

