Градоначалникот Владко Грозданов минатата година организираше работен состанок со претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ТППЕ – Кочани, автошколи, транспортни и такси-компании, на кој беше анализирана моменталната состојба на сообраќајот во центарот на Кочани по измената на сообраќајниот режим.
Од тогаш до денес немаше ниту еден нов работен состанок, анализа или конкретно решение. Во меѓувреме, сообраќајниот хаос станува секојдневие.
Барањата на граѓаните се јасни:
• итни промени во сообраќајниот режим,
• враќање на стариот режим,
• повторно воведување на косо паркирање за повеќе паркинг-места,
• кружен тек да биде со две ленти, како што е законски предвидено за булевар,
• ослободување на сите четири ленти за движење на булеварот „Тодосија Паунов“ по целата негова должина.
Очигледно е дека ваквата состојба е неодржлива.
Решение мора да има и тоа во најбрз можен рок, со конкретни чекори и реални промени на терен.

